ВИДЕО: Падна авион со курсисти по падобранство во Шведска, има повеќе жртви

Од:

Повеќе луѓе загинаа кога мал авион со деветмина патници, кој го користела компанија што нуди курсеви по падобранство, падна во близина на шведскиот град Еребро.

Полицијата не го соопшти точниот број на загинатите, но некои локални медиуми објавија дека во несреќата има седум жртви.

Според медиумските извештаи, во авионот, кој се запалил откако удрил во тлото, се превезувале осуммина курсисти и пилотот. Засега не се познати причините за несреќата.

Во слична несреќа пред две години, авион кој превезувал падобранци падна во близина на северношведскиот град Умеа, при што загинаа деветмина.

Повеќе компании во текот на летото нудат курсеви по падобранство и тандем скокови во Еребро, град со околу 125.000 жители во јужна Шведска, на 211 километри од главниот град, Стокхолм.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син