ВИДЕО: Ова е најдобрата пријателка на Путин

Од:

Повеќето политичари се потпираат на пријателството на своите миленици, кучињата, бидејќи тие им даваат социјална и психолошка поддршка. Френклин Рузвелт го имал шкотскиот териер Фалу, Џорџ Буш постариот го имал англискиот спрингер шпаниел Мили, додека миленик на рускиот претседател Владимир Путин е женката лабрадор, Кони.

Нејзиното вистинско име е Кони Полгрејв, а според непотврдени гласини, истото го добила според поранешнешната државна секретарка на САД, Кондолиза Рајс.

Животното кое што рускиот претседател го добил како подарок во 2000 година од сегашниот министер за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу често присуствува на состаноци, дури и со светските лидери кои доаѓаат во посета на Русија.

koniputin1

Кони најмалку во два наврати е користена за политички цели. Во тек на посетата на американскиот претседател Џорџ Буш во резидецијата на Путин, Кони го пречекала, па рускиот претседател наводно коментирал дека е поголема, посилна, побрза и полоша од Барни.

koniputin4

Втор пат Путин намерно ја искористи во тек на тешките преговори за испорака на плин во Европа. Путин како поранешен разузнавач го проучил досието на германската канцеларка Ангела Меркел, во кое меѓу другото стои дека таа има фобија од кучиња. Кога Меркел пристигнала во претседателската резиденција, Путин ја повикал Кони да им се придружи.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски