ВИДЕО: Откриени гробиштата на „Вагнер“ во Новосибирск

Од:

Повеќе од 200 гробови со ознаки на руската платеничка група Вагнер се наоѓаат на гробишта во третиот по големина руски град Новосибирск, објави веб-страницата Тајга.

Венецот на Вагнер може да се види до повеќето гробови на сликите објавени од страната.

Годините на смртта на надгробните споменици се движат од крајот на 2022 година до почетокот на 2023 година, а најголем дел од загинатите потекнуваат од Новосибирската и Краснојарската област, како и од другите соседни региони, пишува сибирскиот портал Тајга.инфо.

Како што додаваат, многу од имињата прикажани на гробовите претходно не биле видени на официјалните списоци на загинатите во војната во Русија. Официјалните податоци за бројот на борците на Вагнер кои се убиени во Украина не се објавени.

Се верува дека илјадници платеници на групата, вклучително и оние кои биле регрутирани од руските затвори, биле убиени на фронтот.

Некои од имињата на надгробните плочи во Новосибирск се совпаѓаат со имињата на осудените криминалци со долги затворски казни, пишува Taiga.info.

Претходно овој месец, шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин беше снимен како посетува гробишта каде што се закопани борците на групата, каде што призна дека гробиштата „растат“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск