ВИДЕО: Опожарена општинската зграда на градот Анеси

Од:

Пожар го опустоши покривот на градското собрание на Анеси, Горна Савоа во Француските алпи, без притоа да има повредени.

Според првичните докази од пожарникарите, пожарот започнал „во електрична кутија на третиот кат“ на оваа зграда со четири ката. Пожарот се ширел, достигнувајќи го горниот кат, поткровјето и дрвена рамка на покривот, од каде што беше видлив пламенот. Според префектурата, потеклото на пожарот „е несреќен случај“,теза „потврдена“ од градоначалникот Жан-Лук Ригао (УДИ), кој рече :вработените видоа краток спој и кутијата почне да чади, рече тој.

Алармот се огласи во „за време на ручекот“, кога „околу 150 луѓе“ беа во канцелариите. Сите лица потоа беа безбедни надвор, рече генералниот директор на градските служби Доминик Хуот де Сен-Албин.

-На почетокот се чинеше безопасно. Сите излеговме свиркајќи и мислејќи дека е вежба пред да сфатиме колку е голем обемот на штетата. Тажно е “, објаснува Франк Конфино, кој работи како консултант во градското собрание.

Од соседното училиште и градинка беа пренесени 350 деца во друго училиште, посочи префектурата Горна Савоа, која појасни дека нема повредени во овој пожар.

Во гаснењето на пожарот беа ангажирани вкупно 90 пожарникари, 6 противпожарни возила опрема и 4 големи скали, во очекување на пристигнувањето на две корпи-скали од Женева и 2 други од Савоа и Аин. Истрагата ја води урбаната безбедносна бригада на полициската станица од Анеси.

Покривот е уништен околу 90%, пожарникарите се обидуваат да ги сочуваат првите два ката каде се протоколарните простории и канцеларијата на градоначалникот,.

Оваа зграда е изградена околу 1850 година, од времето кога Савоа му припаѓаше на италијанското кралство Пиемонт-Сардинија -, градоначалникот изрази жалење на запирањето на видео надзорот и далечинското управување на пешачката зона, лоцирани на 3 кат. Пожарот предизвика и проблеми во сообраќајот, кој беше забранет во дел од центарот на градот, а училишните автобуси не беа редовни во целиот слив на Анеси.

Би можело да ве интересира

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски