ВИДЕО: Околу 150 луѓе блокирани на падините на вулканот Онтаке

Од:

Околу 150 луѓе се наоѓаат на падините на планинскиот вулкан Онтаке, кој денеска исфрли голем облак пепел.

Кога започнала ерупцијата на вулканот на планината имало повеќе од 200 планинари и туристи, од кои 60 брзо се слегле, а другите биле принудени да се скријат во планинарските кампови поради пепелта во воздухот. На помош пристигнале приближно 80 пожарникари.

Според властите во префектурата Нагано при ерупцијата на вулканот осум луѓе се повредени, од кои еден е во тешка здравствена состојба.

– Четворица планинари биле посипани од пепел. Еден од нив самиот се спасил, а друг планинар изгубил свест, соопшти спасувачката екипа.

Јапонската метеоролошка агенција го подгина нивото на предупредување за вулканот Онтаке на три, на скалата од еден до пет и забрани приближување до него во радиус од четири километри.

Во Токио е формиран кризен штаб поради ерупцијата на вулканот Онтаке, кој е висок 3.067 метри и се наоѓа во планинската област меѓу префектурите Нагано и Гифу.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија