ВИДЕО: Огромни поплави во Италија, најмалку осум мртви

Од:

Најмалку осум лица загинаа, а илјадници се евакуирани од своите домови откако поројниот дожд го зафати северниот италијански регион Емилија Ромања, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето, соопштија денеска официјални лица.

Министерот за цивилна заштита, Нело Мусумеци, рече дека во некои области имало половина од просечните годишни врнежи за само 36 часа, што предизвикало излевање на реките од коритата, поплавување на некои градови и илјадници хектари обработливо земјиште.

Големата награда на Формула 1 викендов во Имола, локација блиску до многу од најтешко погодените области, беше откажана во обид да се намали притисокот врз службите за итни случаи и да се спречат љубителите на трката да се соберат во погодениот регион.

„Се соочуваме со катастрофални настани кои веројатно никогаш досега не биле видени“, изјави за новинарите Стефано Боначини, претседател на регионот Емилија-Ромања.

„Огромни количества дожд падна на земјата, која повеќе не е во состојба да го апсорбира“.

Локалните власти соопштија дека поплавите зафатија 37 градови и општини и дека се регистрирани околу 120 свлечишта. Најмалку еден мост во близина на градот Болоња се урна, некои патишта беа оштетени, а многу железнички линии беа прекинати.

Осум тела се извлечени од различни локации, изјави за новинарите потпретседателката на Емилија-Ромања, Ајрене Приоло, додавајќи дека иако дождовите стивнуваат, нивото на реките сè уште расте. Ова е втор пат овој месец Емилија Ромања да биде погодена од лоши временски услови, при што најмалку две лица загинаа во невремето на почетокот на мај.

Поплавите уследија по неколкумесечна суша што ја исуши земјата, намалувајќи ја нејзината способност да апсорбира вода и го влоши влијанието на поплавите, велат метеоролозите. Калливата вода течеше низ историските центри Фаенца, Чезена и Форли, стигнувајќи до покривите на паркираните автомобили, потопувајќи некои продавници и принудувајќи ги локалните жители да побегнат до најгорните катови од своите домови.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он