ВИДЕО: Огромен број танкери стојат од двете страни на Ормутскиот теснец

Од:

Голем број танкери за нафта сè уште стојат од двете страни на Ормускиот теснец утрово, а иранската блокада на тој клучен воден пат продолжува.

Податоците од Vesselfinder покажуваат дека десетици танкери се во мирување по должината на бреговите на Обединетите Арапски Емирати и Оман. Околу една четвртина од светската поморска трговија со нафта поминува низ Ормускиот теснец, што го прави еден од најважните и најранливите енергетски коридори во светот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со напади врз енергетската инфраструктура на Иран доколку не се обнови пловењето низ теснецот.

Војната меѓу САД, Израел и Иран започна кон крајот на февруари кога американските и израелските сили започнаа напади врз ирански воени и нуклеарни цели, вклучувајќи ги базите на Револуционерната гарда и објектите поврзани со ракетната програма на Иран.

Иран одговори со ракетни и беспилотни напади врз американските бази во регионот и врз цели во Израел и земјите од Персискиот Залив, додека конфликтот се прошири и на поморскиот сообраќај, особено во Ормускиот теснец.

Тензиите продолжуваат да растат и покрај повремените сигнали за можни преговори, ниту една страна досега не покажала подготвеност за брзо завршување на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Арагчи: Иран е подготвен на војна до судниот ден

А1он

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он

САД ја одбија понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец: „Не го контролирате“

Погоден ирански танкер во Ормускиот теснец, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

„Фајненшел тајмс“: Американците ноќе, тајно ги исчистија мините од Ормутскиот теснец