Врховниот суд во Сан Франциско денеска објави видео од нападот врз Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.
Нападот бил снимен од полицајците со нивните телесни камери кога пристигнале во домот на Пелоси на 28 октомври 2022 година, кога тој бил нападнат. На видеото се гледа момент на хаос во кој напаѓачот Дејвид Депапе со чекан го напаѓа сопругот на Ненси Пелоси.
„Спушти го чеканот“, вели офицерот.
„Ух, не“, одговара Депапе, кој потоа го грабнува чеканот од раката на Пелоси и го напаѓа. Полицајците потоа влетале во куќата, го совладале Депапе и му ставиле лисици на рацете.
Покрај снимката од камерите на телото, судот објави датотеки кои вклучуваат аудио од полициските разговори со Депапе, јавува Си-Ен-Ен, повик до 911 од Пол Пелоси додека Депапе бил во домот.
Одлуката на судот во Калифорнија со која се наредува јавно објавување на материјалот уследи по барањето на коалицијата на новински организации, вклучително и CNN.
Адвокатите на Депапе се спротивставија на јавното објавување на снимките, велејќи дека тоа „непоправливо ќе му наштети“ на неговото право на правично судење. ДеПапе се изјасни за невин за голем број државни и федерални злосторства поврзани со нападот, вклучително и напад и обид за убиство.