(ВИДЕО) Објавени снимки на терористите: На едниот му недостасува уво, на другиот око, третиот е во инвалидска количка

Од:

Објавени видео снимки од четворицата директно обвинети од Русија дека го извршиле масакрот во концертната сала во Москва, а од кои се гледа дека биле мачени.

Тие беа снимени додека беа изведени пред судот во Москва во неделата, а тројца сè уште можеа да застанат на нозе, додека четвртиот беше однесен во инвалидска количка. Сите се обвинети за тероризам.

Одговорноста за нападот на градското собрание Крокус ја презеде Исламската држава, која на социјалните мрежи објави вознемирувачки видеа од внатрешноста на салата на кои се гледа како терористите пукаат во цивили.

Руските власти ги идентификуваа четворицата напаѓачи како Далерјон Мирзоев, Саидакраим Муродали Рачабализода, Шамсидин Фаридуни и Мухамедсобир Фаизов. На видеото што беше објавено, се гледа како маскирани полицајци ги носат пред окружниот суд Басмани во руската престолнина.

Очигледно тие биле тепани и мачени од руските безбедносни сили. На социјалните мрежи протекоа вознемирувачки снимки кои, според Би-би-си, очигледно биле објавени од безбедносните сили.

Тие покажуваат брутално испрашување. На една снимка се гледа како на еден од напаѓачите му е отсечено уво, а Би-Би-Си јавува дека некои снимки сугерираат дека најмалку на еден од напаѓачите му била пуштана струја.

Мажите идентификувани од судот како Мирзојева и Рачабализоду имаа црни дамки на лицето, а Рачабализоду имаше завој над главата во пределот на увото. Се шпекулира дека станува збор за напаѓачот кому Русите при сослушување му го отсекле увото.

Покрај тоа, на Мирзојев околу вратот му беше завиткана искината најлонска кеса, што фрла сомнеж за тортура со гушење, но и желба на руските власти да и покажат на јавноста дека ги мачеле напаѓачите кои го извршија смртоносниот напад на концертната сала.

Лицето на човекот идентификуван како Фаридуни беше тешко отечено, а човекот по име Фаизов, кој беше изведен во судот во инвалидска количка облечен во болничка наметка, ја губеше свеста. Се чини дека му недостасува око, јави новинската агенција Ројтерс.

Во соопштението на судот се наведува дека Мирзоев „целосно ја признал вината“, додека и Рачабализода ја „признал вината“. Мажите се идентификувани како државјани на Таџикистан, објави руската државна новинска агенција Тас.

Сите четворица ќе бидат во истражен притвор најмалку до 22 мај, додаде судот.

Би можело да ве интересира

Чеченецот уапсен за терористичкиот напад во Москва почина во притвор

Горан Наумовски

Осуда од Советот на амбасадори на терористичкиот напад во Москва

Захарова: ИСИЛ не можеше да го изврши масакрот, се знае кој е

Путин: Знаеме кој го изврши теророт, нас не интересира наредбодавецот

Предраг Петровиќ

Кои се обвинети за нападот во Москва? Еден има само 19 години, повеќето се родители

Медведев: Сите вклучени во масакрот мора да умрат, убијте ги сите

Предраг Петровиќ