ВИДЕО: Обама, дојди да ги видиш последиците од атомската бомба во Хирошима

Од:

Градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, по повод одбежувањето на 69-годишнина, откако на овој град беше фрлена првата атомска бомба, го повика американскиот претседател Барак Обама и останатите светски лидери да дојдат и да ги видат последиците од бомбата.

hiroshima2014-1

-Обама и сите лидери на државите со нуклеарно оружје, ве молам да ги посетите градовите на кои што се фрлени атомски бомби, за да видите што се случило. Доколку го направите тоа ќе се уверите дека нуклеарното оружје е апсолутно зло, кое не смее да постои-изјави тој, пренесе „Франс прес“.

Хирошима оваа година покрена кампања за испраќање на пораки до Обама, кои што се напишани на хартија направена од рециклирање на неколку десетици милиони оригами, кои што се симбол на мирот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија