ВИДЕО: Нуркач под вода поминал пет дена

Од:

Џери Хол после пет дена поминати под површината на водата во Саут Холстон, езеро во Бристол, влезе во Гинисовата книга на рекорди за најдолго нуркање во отворени слатки води.

Рекордот кој Џери успешно го собори е 120 часа, 14 минути и 11 секунди, колку што под вода поминал Алан Шерод уште во 2011 година.

Хол со помош на посебна опема редовно јадел и спиел. Во текот на сонот носел полна маска за да не би дошло до случајно вдишување на вода, а храна носеле волонери од нуркачкиот клуб.

– При оброкот користеше најобичен регулатор, објасни член на тимот на Хол. – Ја сечевме храната на мали парчиња, ја пакувавме во кесички и му ја носевме долу. Тој тогаш го вадеше регулаторот од уста, ја ставаше храната меѓу усните, ја исфрлаше водата и голташе.

За побрзо да му мине времето, Хол гледал на подводен телевизор поврзан со ДВД плеер, слушал музика, играл игрички.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ