(ВИДЕО) Нови докази за падот на азербејџанскиот авион: „Русите наредиле соборување со ракета“

Од:

Азербејџански медиум објави докази што сугерираат дека руската војска го наредила ракетниот напад врз летот 8243 во 2024 година, што предизвика пад во кој загинаа 38 патници, а 29 беа повредени, објави „Еуроњуз“.

Руските воени сили биле вклучени во ракетниот напад врз летот 8243 на „Азербејџан ерлајнс“ што се урна на 25 декември 2024 година, според нова аудио снимка и писмо објавено на азербејџанска новинска веб-страница.

Азербејџанскиот медиум „Минвал“ тврди дека добил „анонимно писмо што содржи сведоштва, аудио снимки и технички детали“ што укажуваат на „технички недостатоци во комуникациската опрема што се користела во тоа време“.

„Минвал“ тврди дека писмото вклучува писмена изјава „наводно потпишана од капетанот Дмитриј Сергеевич Палаџичук, руски офицер за воздушна одбрана кој дејствувал по директни наредби од руското Министерство за одбрана кога го одобрил ракетниот напад“.

„Еуроњуз“ не можеше независно да ја потврди автентичноста на тврдењата во извештајот на азербејџанскиот медиум.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Либија во шок: Началникот на Генералштабот и придружбата загинаа во пад на авион

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Страшна несреќа во Турција: Се урна авион со високи воени функционери

Горан Наумовски

Авионска несреќа во Турција, меѓу патниците беше и Началникот на либискиот Генералштаб

Познат возач на НАСКАР и неговото семејство загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) „Цесна“ се урна во близина на аеродром во САД, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мал авион слета во центарот на Манхајм, тројца патници од леталото се повредени

Горан Наумовски