(ВИДЕО) Нови детали за масакрот во Нешвил: Полицијата објави снимка од напаѓачката

Од:

Три деца и тројца возрасни вчера беа убиени во пукање во приватно основно христијанско училиште во Нешвил, на југот на САД. Нападот го изврши 28-годишна жена идентификувана како Одри Елизабет Хол, поранешна ученичка во училиштето, која била убиена од полицијата на местото на настанот. Убиените деца биле на возраст меѓу осум и девет години.

Џон Дрејк, началникот на полицијата во Нешвил, му се обратил на напаѓачот со женска заменка, но на прашањето на новинарите, тој прецизирал дека Одри Елизабет Хол се изјаснила дека е трансродова личност. Сè уште не е јасно дали напаѓачот е официјално идентификуван како жена или маж.

Полицијата во Нешвил објави видео на кое се гледа како напаѓачот влегува во училиштето. На снимката, која се чини дека е од надзорните камери во зградата, се гледа како Одри Хејл пука во влезната врата и потоа се качува низ скршеното стакло за да влезе.

Напаѓачот носел црвена капа, маскирни панталони и нешто што личело на заштитен елек. Хејл носеше автоматска пушка во едната рака, додека второто слично оружје висеше од нејзиниот лев колк. Откако влегла во училиштето, на видеото се гледа како таа талка по ходниците на училиштето.

На првите снимки и фотографии се гледа и оружјето употребено во нападот и автомобилот Хонда Фит на убиецот паркиран во близина. Пукањето престанало околу 14 минути откако почнало, кога полицијата упаднала во зградата и го застрелала осомничениот.

Полицијата објави дека Одри Хејл еднаш одела во училиштето каде го извршила масакрот. Веб-страницата, која се чини дека е поврзана со Хејл, покажува дека таа била графичка дизајнерка и илустраторка од Нешвил која создала логоа кои, како што се вели во нејзиниот сајт, „ќе помогнат да се раскаже приказната на компанијата“ и „да се пренесат чудно и опуштено чувство“.

Портпаролот на полицијата изјави за ABC News дека Хејл е родена како жена, но истакна дека нејзиниот профил на социјалните мрежи вели дека ја користела заменката „тој“. Во краткото телефонско интервју за ABC News, мајката на Хејл, Норма, рече: „Многу, многу е тешко во моментов“, пред да побара приватност. „Мислам дека денес ја изгубив ќерка ми“, рече таа.

Сосед на семејството изјави за ABC News дека Одри Хејл живеела во семејната куќа со нејзините родители, кои ги опишал како „многу фини“ и „многу религиозни“. Хејл дипломирала на Носи колеџот за уметност и дизајн во Нешвил во 2022 година.

Пратениците од државата Тенеси веднаш се огласија на социјалните мрежи за да го изразат своето вознемирување. „Длабоко сум тажен од трагичната вест од Covenant School“, напиша на Твитер републиканскиот сенатор Бил Хагерти.

САД, каде што има околу 400 милиони оружја во оптек, често се место на масовни престрелки, вклучително и во училиштата. Вооружениот напад што се случи во Covenant School е 129-ти во САД оваа година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски