(ВИДЕО) Новата италијанска премиерка ги стаписа левичарите: Огнови ќе се запалат за да сведочат дека два и два се четири

Од:

„Јас не можам да се кажам Италијанка, христијанка, жена, мајка. Не! Морам да бидам граѓанин Х, род Y, родител 1, родител 2. Јас морам да бидам број. Затоа што кога сум само број, кога повеќе немам ни идентитет ни корен, дури тогаш сум совршен роб на милоста на финансиските шпекуланти. Совршен потрошувач“.

Вака гласи говорот кој ги стаписа левичарите во Италија, а им даде надеж на десничарите. Тврдите ставови на новата премиерка Џорџа Малони, која влегла во политиката членувајќи во организација поврзана со фашизам одекнаа по социјалните мрежи. Мелони ги брани семејните вредности и националниот идентитет наспроти конзумеризмот. Таа најавува дека дошла на функцијата бидејќи „огнови ќе се запалат за да сведочат дека два и два се четири“, цитирајќи го Гилберт Честертон.

– Денес бараме одговори на следниве прашања. Зoшто фамилијата е непријател? Зoшто семејството е толку застрашувачки поим? Има само еден одговор на овие прашања. Затоа што тoа нè дефинира. Затоа што тоа е нашиот идентитет – вели Мелони и додава:

–  Ќе го браниме Бога, татковината и семејството. Нешта од кои некои се гадат. Ќе ги браниме за да ја одбраниме нашата слобода, бидејќи никогаш нема да бидеме робови и прости конзументи во милост на финансиските шпекуланти – подвлекува Џорџа, а потоа зборува за нејзината мисија, за огнот и за мечот на кои „им е дојдено времето“:

– Тоа е нашата мисија. Затоа дојдов јас овде денес. Пред повеќе од век, (Гилберт) Честертон напиша: „Огнови ќе се запалат за да сведочат дека два и два се четири. Меч ќе се извади за да се докаже дека лисјата на лето се зелени – театрално завршува Мелони.

– Дојде време, Господа. Спремни сме. Ви благодарам.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ