(ВИДЕО) Нова видео-снимка од атентатот врз кандидатот за претседател на Еквадор

Од:

Фернандо Вилависенсио, кандидат за претседател на Еквадор, е убиен во атентат на предизборен митинг во Кито. Вилависенсио беше заменик во собранието, а е убиен кога влегуваше во автомобил, јавува Би-Би-Си.

Еден член од неговиот изборен штаб за локалните медиуми изјави дека „Вилависенсио влегуваше во својот автомобил кога напаѓачот му пријде и го застрела во главата“.

Актуелниот претседател на Еквадор, Гиљермо Ласо изјави дека „ова злосторство нема да остане неказнето“.

Очевидци тврдат дека Вилавиченсио (59) е застрелан три пати. Во престрелката што следеше ранет е и осомничениот за атентатот, а подоцна починал од повредите.

Првиот круг од претседателските избори во Еквадор треба да се одржи на 20 август.

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Убиство во кафе бар во градот Србица, причина е расправија за имот

А1он

Еден мртов, двајца повредени во престрелката во Чаир – детали од МВР и од Обвинителство

Катерина Ѓуровски