Жителите на Оукленд, Нов Зеланд уживаа во традиционалниот огномет од Скај Тауер.
Оваа година за прв пат огномет имаше и на мостот.
Според најавите, властите подготвија 500 килограми пиротехника, 1,5 тони опрема и 12 километри кабли.
Претходно, тихоокеанската островска држава Самоа беше првата во светот, која со голем огномет во главниот град Апиа зачекори во 2019 година.
Во Сиднеј, Австралија се очекуваат околу 1,5 милиони луѓе на бреговите на простаништата од каде ќе го следат спектакулраниот огномет. Организаторите наведуваат дека тоа ќе биде најголема прослава до сега и оти 12-минутниот огномет чини шест милиони австралиски долари.
Во Јапонија ѕвоната на будистичките храмови ќе се огласатр 108 пати, што го претставува бројот на земските искушенија кое една личност треба да ги надмине за да постигне нирвана, а со цел да се испрати старата и дочека Новата година.