ВИДЕО: Нов запис од падот на малезискиот авион во Украина

Од:

Нова аматерска снимка од падот на малезискиот „Боинг“, кој во јули годинава се урна во Украина при што загинаа 298 лица, се прошири на интернетот.

Записот е направен со мобилен телефон и го прикажува сиот ужас, кој настанал по несреќата.

На снимката се гледа висок столб од црн чад, кој го прикрива небото и неколку мештани, како со кофи вода се обидуваат да го изгаснатпожарот по падот, додека остантите само шетаат во состојба на шок.

Автентичноста на овој запис е потврдена, а објавувањето се случува во момент кога започна отстранувањето на остатоците од авионот.

За потсетување малезискиот „Боинг 777“ се урна на 17 јули при што загинаа 280 патници и 15 членови на екипажот во Украина, во близина на границата со Русија.

Во авионот кој сообраќаше од Амстердам кон Куала Лумпур од вкупно 298 лица, 154 биле државјани на Холандија. Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Застрашувачка снимка од падот на американскиот борбен авион: Удира во вода, па експлозија

Предраг Петровиќ

Пилот се онесвести за време на летот од Хургада до Манчестер

Горан Наумовски

ВИДЕО: Руски патнички авион излета од пистата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски