(ВИДЕО) Ни милениците не беа поштедени од експлозијата во Бејрут – активистите ги бараат сопствениците на преживеаните

Од:

Во стравотната експлозија што се случи во главниот либански град Бејрут, не беа поштедени ниту животите на домашните миленици. Покрај стотиците загубени човечки животи, настрадаа и голем број улични животни и домашни миленичиња.

На видеото се гледа моментот на избувнување на експлозијата во локалното засолниште за миленичиња. Ден подоцна, активистите доаѓаат да проверат дали мачките за кои се грижеле се живи. За среќа, тие преживеале, а крвавите траги од шепи сведочат за хоророт што го преживеале.

Во спасувањето на животите на домашните миленици во Бејрут биле вклучени противпожарните сили на Либан како и полициските специјални сили. Во акцијата тие биле придружувани од активистите за заштита на животните кои заедно вложиле напори да ги најдат сопствениците на оние кои преживеале.

Засега, има повеќе приказни со среќен крај, откако голем број сопственици биле повторно соединети со своите миленици, по трагичната несреќа во Бејрут.

 

Би можело да ве интересира

Романија: Четири лица загинаа, петмина повредени во експлозија на гасовод

Експлозија во Москва: Се урна зграда, еден загинат, двајца се исчезнати

Горан Наумовски

Експлодираше машина за производство на ракетно гориво

Момчето кое беше тешко повредено во експлозијата во Смедерево е хоспитализирано во Белград

Горан Наумовски

Во експлозиите кај Букурешт две лица загинаа, а има многу повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Експлозија и пожар на бензинска пумпа во Русија, најмалку 35 мртви, ранети се 13 деца