ВИДЕО: Нилски коњ паднал од камион и скршил неколку заби и нога

Од:

Вознемирен за време на транспорт, нилски коњ скокнал од камион на паркиран автомобил во Тајпеј, при што скршил нога и неколку заби.

Снимките објавени на локалните телевизии покажуваат како големиот нилски коњ безпомошно лежи на патот, додека од очите му течат „солзи“.

Возачот на камионот изјави за весникот „Јунајтед дејли њуз“ дека видел како нилскиот коњ „излетал“ од камионот откако се вознемирил за време на возењето.

Повреденото животно по име А Хо, лежело на патот неколку часа, по што со специјален контејнер е пренесен на ветеринар.

Според тајванските закони сопственикот на нилскиот коњ може да биде казнет со 75.000 тајвански долари, околу 2.400 американски долари, поради кршење на закоот за заштита на животните.

Нилскиот коњ А Хо е главна атракција на приватна зоолошка градина и има „гостувано“ пред неколку години во една популарна тв серија.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

(ВИДЕО) Голема тепачка на седницата на тајванскиот Парламент

Горан Наумовски

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени