Голема новоформирана сончева дамка, ги збуни научниците и предизвика страв, бидејќи може да создаде сончева бура, поради која милиони луѓе би можеле да останат без вода, храна, струја и лекови.
Дамката најмалку шест пати е поголема од пречникот на Земјата, а формирана е на површината на Сонцето за само 48 часа. Страшната бура може да предизвика проблеми на нашата планета, објави американската вселенска агенција НАСА.
Се претпоставува дека дамката ќе го зголеми нивото на зрачење на Земјата, ќе ја смени климата и ќе ја уништи електричната мрежа, со што ќе се оневозможи нормалниот живот.
Истржувачите забележале дека таа веднаш се развила во нестабилна кофигурација и започнала да се шири со голема брзина, поради што се претпоставува дека наскоро ќе предизвика силна сончева бура.
Поради олујата милиони луѓе може да останат без светло, вода, канализација, грејање, бензин, телефонски услуги, лекови, храна и тоа неколку месеци, колку што е потребно да се обноват системите.
Се претпоставува дека ќе предизвика штета како 20 најстрашни урагани.
Научниците се уште не можат да знаат со кој интензитет и брзина ќе се движи сончевата бура.
Елена Георгиевска