(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Од:

Невремето пристигна во Загреб и неговата околина, по неколкудневни рекордни температури. Обилните врнежи беа придружени со грмежи и силен ветер, пренесува Index.hr.Температурата падна за неколку степени. Невремето во Хрватска дојде од Словенија.Во Словенија синоќа се формираше невреме кое мина низ централниот дел и северот на земјата, а во текот на ноќта стигна и до Хрватска. Како што пренесуваат словенечките медиуми, покрај обилните врнежи, невремето било проследено и со силни налети на ветер, кој откорнал покриви и соборил дрвја во централна и северна Словенија.

Поради големото количество врнежи, поројните водотеци забрзано растеа и на некои места се излеаа, па некои подрумски згради беа поплавени, а сообраќајот се одвиваше отежнато, а предизвикани се и одрони, јавува N1 Словенија.

Би можело да ве интересира

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте