(ВИДЕО) Нетанјаху постави услови за договор со Иран

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека секој потенцијален договор со Иран ќе биде условен од прекинување на неговата програма за збогатување ураниум, отстранување на веќе збогатениот ураниум во земјата и повторно отворање на Ормутскиот теснец. Нетанјаху ги изложи условите на договорот со Техеран во видео обраќање.

Нетанјаху додаде дека Вашингтон го информира Тел Авив за разговорите со Иран и истакна дека целите на Израел и САД се „усогласени“.

„Подготвени сме за секаков сценарио, вклучително и можноста за продолжување на нападите“, рече тој.

Осврнувајќи се на разговорите со Либан во вторникот, Нетанјаху рече дека Израел бара „разоружување на Хезболах и траен мир“, без да спомене евентуално прекин на огнот. Тој рече дека израелските воени операции во јужен Либан се во тек и дека целта е градот Бинт Џбеил, кој го опиша како упориште на Хезболах.

Нетанјаху, исто така, рече дека Израел одлучил да го прошири своето присуство во јужен Либан во насока на Џабал ал-Шеик, тврдејќи дека потегот има за цел „да им помогне на Друзите“.

Би можело да ве интересира

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени