ВИДЕО: Нетанјаху не се откажува од спорната реформа, само ја одложува на кратко време

Од:

Во своето обраќање до јавноста, израелскиот премиер го потврди она што претходно го објави Бен Гвир, шефот на крајнодесничарската партија која ја предложи реформата. Нетанјаху рече дека второто и третото читање на контроверзните судски реформи ќе бидат одложени до следната седница на парламентот „за неколку недели“. Рече дека и натаму смета дека реформата е непоходна.

„Оставаме време за дијалог“, рече Нетанјаху.

„Мојата влада никогаш нема да прифати граѓанска војна. Се соочуваме со криза која претставува вистинска закана за националното единство на Израелците“, рече Нетанјаху на почетокот на својот говор, додавајќи дека „не е подготвен да ја подели нацијата на парчиња. и ќе го „преврти секој камен за да најде решение“ рече Нетанјаху во обраќањето.

Тој го критикуваше, како што наведува, „екстремистичкото малцинство кое е подготвено да ја подели нашата нација“.

На ваквата одлука на Нетанјаху и претохдеа масовни протести кои ја блокираа земјата.

Израелските медиуми јавуваат дека протестите продолжуваат и покрај вечерашниот потег на премиерот, кој потврди дека гласањето за контроверзната судска реформа ќе биде одложено.

Одлуката на израелскиот премиер да ја одложи спорната судска реформа очигледно го постигна својот прв ефект. Најголемиот израелски синдикат го откажа генералниот штрајк, кој претходно го свика поради намерата на владата на Нетанјаху да усвои контроверзна судска реформа за неколку дена.

Реакција имаше и од израелскиот претседател Исак Херцог, кој претходно денеска повика да се прекине судската реформа. Вечерва, пак, рече дека одложувањето на гласањето за реформата е „правилна одлука“.

„Потребен ни е најширок можен консензус. Ги повикувам сите вклучени да покажат одговорност“, рече Херцог.

Би можело да ве интересира

Израелците пет месеци протестираат против реформите во судството

Договорениот прекин на огнот во Појасот Газа не се почитува, Палестинците истрелаа ракети кон Израел

Ана Ололовска

Двајца Палестинци загинаа во израелска операција

Ана Ололовска

Израелците го убија лидерот на Исламскиот џихад: 25 лица, меѓу кои и жени и деца, загинаа во акцијата

Сириски медиуми: Израел истрела проектили на градот Хомс, повредени тројца цивили

Илјадници Израелци повторно излегоа на улиците за реформи во судството

Ана Ололовска