ВИДЕО: Нетанјаху и Хамас продолжуваат со радикалните изјави, во позадина се преговара за мир

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху свика состанок на воениот кабинет во саботата, каде што највисоките разузнавачки претставници ги информираа за исходот од разговорите со катарските, египетските и американските посредници во Париз, за ​​евентуален втор прекин на огнот во Газа.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави за Си-Ен-Ен дека преговарачите од САД, Египет, Катар и Израел постигнале начелен договор за основните елементи на договорот за ослободување на заложниците што ги држи Хамас.

Споменатиот договор се уште не е запечатен, додаде Саливан, бидејќи се уште се очекуваат индиректни разговори меѓу Хамас од една страна и Катар и Египет од друга.

Нетанјаху за Си-Би-Ес изјави дека се уште не е сигурно дали разговорите во Париз навистина ќе резултираат со конечен договор за ослободување на заложниците. Тој не сакаше да зборува за детали, но нагласи дека барањата на Хамас мора да бидат разумни.

„Изгледа дека живеат на друга планета. Но, ако тие се симнат на Земјата и се вратат во реалноста, тогаш ќе имаме договор за заложниците. Се надевам на таков исход“, изјави израелскиот премиер.

Високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, одговори дека коментарите на Нетанјаху фрлаат сомнеж во подготвеноста на Израел да постигне договор.

„Коментарите на Нетанјаху покажуваат дека тој не се грижи за успешно завршување на преговорите“, изјави Абу Зухри за Ројтерс, обвинувајќи го израелскиот премиер дека сака „да ги продолжи преговорите под бомбардирањето и крвопролевањето на Палестинците“.

Египетските безбедносни извори велат дека ќе има повеќе можности за разговори оваа недела во Доха, по што ќе следи уште една рунда во Каиро.

Првиот прекин на огнот меѓу двете завојувани страни се случи во ноември минатата година, при што беа ослободени речиси половина од 253-те лица кои Хамас ги приведе по нападот на 7 октомври. Израел ослободи нешто помалку од 400 палестински затвореници и дозволи пристигнување на поголем број хуманитарни конвои

Израелските медиуми, повикувајќи се на неименувани официјални лица, тврдат дека околу една третина од 130-те преостанати затвореници се размислува за ослободување за време на шестнеделното примирје, кое ќе го вклучи и светиот муслимански месец Рамазан. Сепак, ваквите наводи не се официјално потврдени.

Палестинските власти соопштија дека Хамас инсистира на прекин на израелската офанзива и повлекување на израелската армија доколку не се постигне договор. Но, израелската страна најави дека има намера да се движи кон еден од последните градови каде Хамас има недопрени сили.

„Работиме на ослободување на нашите киднапирани, но и на елиминирање на баталјоните на Хамас“, рече Нетанјаху на Фејсбук, мислејќи на градот на крајниот југ од Газа, во близина на границата со Египет.

Оваа недела, додаде премиерот, израелскиот кабинет ќе ги одобри воените планови за Рафа, кои вклучуваат евакуација на повеќе од милион раселени палестински цивили кои побарале засолниште таму и чија судбина ги загрижува светските сили.

Споменатите планови военото раководство во неделата ги претстави пред внатрешниот воен кабинет на Нетанјаху, кој исто така го одобри планот за влез на хуманитарни конвои во Газа, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.

Околу 30.000 Палестинци се убиени од почетокот на војната, проценуваат здравствените работници во Газа, додека Хамас уби 1.200 луѓе во Израел во напад на 7 октомври 2023 година. Покрај нив, Израел загуби 241 војник во борбите што веднаш по нападот.

Би можело да ве интересира

Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел