(ВИДЕО) Несреќа во Италија: Жичарница удри во бариери, 100 луѓе се заробени, најмалку четворица се повредени

Од:

Во италијанскиот планински град Макуњага се случила несреќа кога кабина на жичарница, по пристигнувањето на станицата Монте Моро, на надморска височина од околу 2.800 метри, влегла во заштитните бариери со преголема брзина. Најмалку четири лица се повредени, вклучувајќи едно дете, додека околу стотина луѓе се заглавени во системот на жичарници.

Според првичните информации, ниту еден од повредените во несреќата со жичарницата не е во животно загрозувачка состојба.

Скијачките патеки биле веднаш затворени, а работата на жичарницата била прекината.

Инцидентот се случил кога кабината не забавила доволно при влегувањето во горната станица, од засега неутврдени технички причини.

Пожарникарите и службите за итни случаи реагирале на местото на настанот.

Повредените, еден вработен во жичарницата и тројца патници во кабината биле згрижени на лице место благодарение на лекар и медицинска сестра кои се нашле во близина, а потоа биле префрлени во болница со хеликоптер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Масовни немири на левичарски протест во Торино, Мелони објави брутално видео

(ВИДЕО) Огромно свлечиште зафати град во Сицилија: Луѓето итно се евакуирани

Горан Наумовски

Возач на камион од Хрватска загина во Италија – го згмечи товар пченка

А1он

Крозето: НАТО треба да се обедини околу Гренланд

Италијанската полиција го фатила Хрватот што уби кондуктер, па го пуштила

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Хаос во Италија: Рим под вода, затворени патишта, вклучени аларми