ВИДЕО: Несреќа на воз натоварен со нафта во Канада

Од:

Товарен воз со вагон-цистерни што превезувале нафта, излета денеска од шините во центарот на градот Лак-Мегантик во канадската провиниција Квебек, на 250 километри источно од Монтреал.

При излетувањето на вагоните дел од нив експлодирале, што предизвикало голем пожар која зафатил 30-тина околни објекти.

Поради пожарот властите евакуираа околу 1.000 лица кои живееле во куќи околу местото на несреќата. Засега нема инфроамции за жртви, иако неколкумина локални жители се водат како исчезнати.

Градоначалничката на Лак-Мегантик, Колет Рој-Ларош изјави дека пожарот го уништил „речиси целиот центар“ на малиот град кој има околу 6.000 жители.

traincanadat (1)

Телевизијата Си-Би-Ес јави дека експлодирале четири од вкупно 73-те вагон-цистерни во композицијата. Во гаснењето на пожарот биле вклучени околу 20 противпожарни возила.

traincanadat (2)

Канадското Министерство за животна средина информира дека дел од нафтата од превртените вагони се излеала во блиската река.

traincanadat (3)

Би можело да ве интересира

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пукање во Канада: Тројца мртви, двајца во критична состојба