ВИДЕО: Нереди во Ирак и во Пакистан, обиди за упад во американските амбасади

Од:

Разбеснета толпа вооружена со камења, стапови и палки се обиде да се пробие до американската амбасада во пакистанскиот главен град Карачи. Американските војници отвориле оган, неофицијално има десетмина мртви.

Реакцијата во Пакистан е поради убиството на иранскиот ајатолах Али Хамнеи.

Демонстрантите во Багдад се обидоа да ја нападнат утврдената Зелена зона, каде што се наоѓа амбасадата на САД, како одговор на атентатот врз врховниот лидер на Иран. Судири со ирачките безбедносни сили избувнаа во недела наутро, пишува CNN.

Видео достапно од CNN покажува судири меѓу демонстрантите и ирачките безбедносни сили на мостот „14 јули“, кој ја преминува реката Тигар во Зелената зона. На видеото може да се видат блесоци и чад, а потоа демонстрантите се повлекле. Во Зелената зона во Багдад се наоѓаат канцелариите на ирачката влада и неколку странски амбасади, вклучувајќи ја и американската.

Во исто време, големи маси луѓе маршираа и во јужните провинции Ди Кар и Басра, осудувајќи го убиството на Хамнеи. Видеата покажуваат демонстранти како шетаат по улиците, скандираат и мавтаат со знамиња.

Ирачката влада прогласи тридневна жалост и испрати сочувство до Иран по смртта на врховниот лидер. Портпаролот на владата, Басем Ал-Авади, рече дека заедничкиот напад на САД и Израел врз Иран е „јасен чин на агресија и чин за осуда што ги крши сите хуманитарни и морални норми“.

Би можело да ве интересира

Иран објави мапа со точни цели: Ќе го потопиме целиот регион во темнина

А1он

ВИДЕО: Иранците тврдат дека собориja американски борбен авион Ф-15

А1он

Иран наплаќа такса од 2 милиони долари за премин низ Ормутскиот теснец

А1он

ВИДЕО: Иранците продолжија со нападите, погоден јужен Израел, над 100 повредени

Иран го потврди нападот врз Димона: „Новите системи за лансирање ќе ги зачудат САД и Израел“

(ВИДЕО) Иран брутално нападна: Ракета падна до главниот нуклеарен објект на Израел

Предраг Петровиќ