ВИДЕО: Нереди во Франкфурт

Од:

Пред новото седиште на Европската централна банка во Франкфурт, кое што денеска треба да започне со работа, дошло до судир помеѓу демонстранти и полиција, која со солзавци се обидувала да ги протера, пренесе „Русија денес“.

Инцидентот се случил помеѓу активисти на алијансата „Блокирај -окупирај“ и полицијата пред денешното отворање на новата зграда на Европската централна банка.

Според наводите на медиумите полицијата вчера во Франкфурт со барикади и бодликава жица го опкружила седиштето на банката со цел да ги спречи насилните демонстранти, кои се против мерките за штедење и капитализмот.

Се очекува дека на протестниот собир на централниот плоштад во Франкфурт ќе дојдат околу 10.000 лица.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија