ВИДЕО: Немири во Полска, полицијата се судри со демонстранти кои се спротивставуваат на забраната за абортусот

Од:

Безредие во главниот град на Полска, судирите избија за време на најавените демонстрации пред црква во Варшава каде демонстрантите протестираа против одлуката на полскиот Уставен суд за забрана на абортусот во земјата.

Илјадници протестираа за време на миса, извикувајќи пароли и покажувајќи долна облека, ова е првпат таквите протести да се одржуваат директно пред црква.

Лидерите на четиридневните демонстрации ја обвинија Владата дека сака да ги исполни желбите на Католичката црква и дека работи директно под нејзин диктат.

„Денес сум овде затоа што ме иритира кога во секуларна држава, црквата одлучува какви права јас ќе имам, што треба да правам и што ми е дозволено. Мислам дека е апсурдно што некој сака да стави рака на моето тело. Рака која сама по себе е нечиста“, рече еден демонстрант на протестот.

Би можело да ве интересира

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани