А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

ВИДЕО: Неколку часа пред преговорите со САД, Иранците заленија два танкери

by А1он06/02/2026 - 08:1806/02/2026 - 08:21969
Share0

Иран синоќа заплени два странски танкери за нафта во Персискиот Залив. Тврди дека биле користени за шверц на гориво, а 15 членови на екипажот биле приведени. Инцидентот се случи само неколку часа пред почетокот на клучните преговори меѓу Иран и САД што треба да се одржат денеска во Оман, пишува Фокс њуз.

Следете a1on на Instagram Instagram

Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (IRGC) објави дека пресретнала два брода во близина на островот Фарси. Според нивните тврдења, танкерите превезувале околу еден милион литри шверцувано гориво. Иранските државни медиуми објавија дека екипажите, составени од 15 странски државјани, биле приведени и предадени на судските органи.

Iran’s IRGC have seized two oil tankers with their foreign crews in Gulf waters for “smuggling fuel,” the commander of its second naval zone tells state TV.

Read more: https://t.co/RClOwT4E9s pic.twitter.com/oWg3xEx4NH

— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) February 5, 2026

Револуционерната гарда наведува дека бродовите биле дел од организирана мрежа за шверц на гориво што дејствувала во регионот неколку месеци. Иранските власти појаснија дека бродовите биле идентификувани со разузнавачки надзор и запленети за време на координирана поморска операција во Персискиот Залив, клучна артерија за глобалните енергетски пазари.

Следете a1on на Youtube YouTube

Властите во Техеран ја претставија операцијата како значаен удар врз нелегалната трговија со гориво, но не ја открија веднаш националноста на екипажот или дестинацијата на запленетите бродови.

Заплените доаѓаат во време на засилена иранска реторика кон САД. Поранешниот ирански министер и поранешен шеф на државната телевизија, Езатолах Заргами, издаде остро предупредување, заканувајќи се со насилство во Ормутскиот теснец, низ кој минуваат околу една петтина од светската нафта и нафтени производи.

„Убеден сум дека Ормутскиот теснец ќе стане место на масакр и пекол за САД“, рече Заргами во четврток. „Иран ќе покаже дека Ормутскиот теснец историски му припаѓа на Иран. Американците можат само да си играат со своите бродови и да ги преместуваат од една локација на друга“.

Заргами подоцна ја повтори заканата, нарекувајќи го теснецот потенцијално „поле на смртта“ за американските сили, сигнализирајќи ја подготвеноста на Иран да ескалира во услови на растечки регионални тензии.

И покрај инцидентот, се очекува разговорите меѓу САД и Иран закажани за денес во Оман да продолжат. Тие ќе ги вклучат специјалниот претставник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои пристигнуваат во Оман од Абу Даби по дводневните разговори за Русија и Украина.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, потврди дека разговорите ќе се одржат. Таа рече дека „дипломатијата е секогаш првиот избор на Трамп“.

irantanker

Би можело да ве интересира

Пентагон: Над 750 американски војници се ранети во операциите против Иран

Горан Наумовски21/08/2026 - 08:39

Арагчи: „Економскиот Д-ден“ на Трамп ќе заврши со нов пораз за САД

Горан Наумовски20/08/2026 - 19:29

Трамп најавува најразорна економска операција против Иран

Горан Наумовски20/08/2026 - 19:29

ВИДЕО: „Најразорна економска операција“, најави Трамп за Иран и за земјите кои му помагаат

Катерина Ѓуровски20/08/2026 - 08:32

Трамп го присвои Ормутскиот Теснец како американска територија, Иранците одговорија со промена на мапата на САД

Предраг Петровиќ19/08/2026 - 15:1319/08/2026 - 15:15

Четири милијарди долари за Иран преку крипто фирма од Варшава

Горан Наумовски19/08/2026 - 14:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео