ВИДЕО: „Не сте сами“ – кралицата Елизабета Втора ја испрати божиќната порака до граѓаните

Од:

Британската кралица Елизабета Втора денеска во божиќната порака им оддаде признание на сите за искажаната солидарност во текот на оваа пандемиска година и порача дека „по најтемната ноќ, постои надежта во новата зора“.

– Секако дека овој период од годината на многумина ќе им донесе тага, некои ќе плачат поради загубата на саканите, а други ќе бидат одвоени од своите пријатели и семејства поради почитување на епидемиолошките мерки, а сите знаеме дека за Божик најмногу сакаме прегратка или подадена рака. Доколку спаѓате во овие луѓе, сакам да ви кажам дека не сте сами, истакна кралицата во претходно снимената порака која денеска беше емитувана.

И покрај проблемите, како што додаде таа, пандемијата на некој начин ги зближи луѓето.

Кралицата (94), која како и многумина го прославува Божиќ далеку од своето семејство, истакна дека луѓето во Обединетото Кралство и низ светот достоинствено се соочија со предизвиците од оваа година, нагласувајќи дека е „горда и трогната од тој тивок и нескротлив дух“.

На крајот посебно им се заблагодари на младите, сите работници и останатите добри луѓе кои се борат против пандемијата и им помагаат на другите.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот