НАСА објави алармантни фотографии и снимки, кои покажуваат дури три соларни експлозии, кои се забележани за само два дена, на површина на Сонцето, а за кои се верува дека поради својата сила може да ги оштетат радио врските.
Британските медиуми пренесуваат дека набљудувачи на НАСА, кои ги забележале и снимиле експлозиите се сериозно загрижени.
Според нивни зборови, овие експлозии доведуваат до испуштање на големи количини „Х- зраци“, кои поради својата голема радијација може да нанесат штети на човештвото.
Тие веруваат дека таквите експлозии, односно количина на радиајција во толкави размери не може да се пробие низ Земјината атмосфера, но сепак предупредуваат дека може да влијаат на самата атмосфера.
Експлозиите кои се забележани во вторник имале јачина од „Х2.2“ и „Х1.5“, што е доволно негативно да влијаат врз радио комуникацијата ширум Европа.
Е. Г.