(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Од:

Американската вселенска агенција НАСА ги објави резултатите од долгоочекуваната студија за неидентификувани летечки објекти (НЛО). НАСА минатата година објави дека ги разгледува доказите за т.н неидентификувани воздушни феномени кои го замениле претходниот термин „НЛО“ во официјалната терминологија.

Неидентификувани летечки објекти, или како што НАСА неодамна ги нарекува: неидентификувани воздушни феномени, сè уште не се расветлени. Тоа е суштината на долгоочекуваниот извештај кој беше објавен пред неколку часа. НАСА денеска изјави дека нема причина да се верува дека феномените на небото кои со децении се нарекуваат НЛО имаат вонземско потекло.

„Главниот заклучок од нашата студија е дека имаме уште многу да дознаеме. Независното тело на НАСА не најде докази дека овие феномени се од вонземско потекло, но не знаеме ниту што всушност се тие. И затоа го назначивме директор на Одделот за истражување на неидентификувани аномални феномени“, изјави администраторот на НАСА Бил Нелсон.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината