Роверот на НАСА „Опортјунити“ одамна ја надмина својата тримесечна мисија на Марс, по лансирањето на 7 јули 2003 година и веќе 10 години активно работи на истражувањето на површината на Црвената планета.
НАСА јубилејот ќе го одбележи со возење по површината на Марс. „Опортјунити“ моментално е на пат до работ на кратерот „Ендјуранс“ и точката наречена „Соландер Поинт“. Патувањето на роверот е од две причини.
Прво што на таа страна од Марс има доволно сончева светлина неопходна за движење во текот на зимскиот период, а втората тоа што количината геолошки слоеви е за десетина пати поголема во однос на неодамна истражениот дел „Кејп Јорк“.
„Опортјунити“ на 15 мај годинава го собори рекордот на НАСА за изминати километри на друга планета, со поминати 35,760 километри. Претходниот рекорд го држеше мисијата Аполо 17 со 35,74 километри. Освен соборувањето на рекордот, мисијата на Марс откри докази дека на планетата некогаш постоела вода, што претставува можност за постоење на живот.
Доколку „Опортјунити“ ја преживее следната зима, го очекува продолжување на истражувањата и соборување на рекордот од 42 километри, што роботското возило „Лунокход 2“ го постави на Месечината во 1973 година.