ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

Од:

Членот на Унгарската демократска коалиција Мартон Ѓекиќки денеска го нападна унгарскиот премиер Виктор Обран за време на прес-конференција во Европскиот парламент.

На видеото објавено од весникот „Кориере дела сера“ се гледа како човек, кој обезбедувањето го крева од подот, му вика на премиерот.

Орбан не е повреден во инцидентот, а обезбедувањето брзо го совлада Ѓекиќи и го фрли на подот, по што беше изнесен од просторијата.

„За колку ја изневери државата, премиере?“, го праша Ѓекиќи Орбан додека неговите телохранители го водеа надвор од салата.

Орбан по инцидентот коментираше дека „унгарскиот е директен јазик и дека комуникацијата може да биде груба“, пренесува унгарски Телекс.

„Кога еден политичар ќе му каже на друг дека е негативец, во нашата култура тоа значи „не се согласувам со тебе“, рече Орбан.

Како што потсетува Телекс, Ѓекиќки фрлал монети кон Орбан за време на инцидентот во Кеч на почетокот на септември во знак на протест.

Би можело да ве интересира

Папата во критична состојба

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк