Од саботата наутро, 66 лица се убиени во израелските напади во Појасот Газа, вклучително и жртви на нападот на кампот за раселени лица во Деир ел Балах.
Ова утрово го објави палестинската новинска агенција Вафа.
İsrail, Gazze Şeridi’nin merkezindeki Deir el Balah kentinde, Nuseyrat Mülteci Kampında ve Zawaida bölgesinde sivillerin sığındığı evlere hava saldırısı düzenledi. İlk bilgilere göre en az 10 Filistinli hayatını kaybederken, onlarca sivil yaralandı. https://t.co/WUpc9oPLkV pic.twitter.com/OR8Du5YtZ3
— Medya Midas (@MedyaMidascom) February 17, 2024
Три лица загинаа синоќа кога израелски авиони бомбардираа станбена зграда во Деир ал Балах, во централниот дел на Газа, јави катарската телевизија Ал Џезира.
Околу седум Палестинци загинаа во израелски напад во близина на Рафах. Израел во последните денови изврши серија воздушни напади врз централните области на Појасот Газа, како и врз јужните градови на палестинската енклава – Рафа и Кан Јунис.
Израел најавува и копнена инвазија на Рафа, а меѓународните хуманитарни организации и некои светски претставници наведуваат дека тоа дополнително ќе ја искомплицира многу лошата хуманитарна ситуација за палестинските цивили.