Раноутринското ракетирање на Кабул е документирано со видео материјал, откако се појави снимка од утринската молитва на верниците по повод празникот Курбан бајрам, на која присуствувал и авганистанскиот претседател, Ашраф Гани.
Video by national TV shows the moment rockets landed near the Presidential Palace during Eid prayers this morning. pic.twitter.com/WmEniyfLfM
— TOLOnews (@TOLOnews) July 20, 2021
Претходно Ксинхуа јави дека утринава неколку ракети беа истрелани кон претседателската палата во Кабул.
Авганистанскиот ТВ канал 1ТВ објави дека во близина на палатата се слушнале три експлозии.
На видеото се гледа како претседателот Гани, облечен во традиционална авганистанска облека, стои во првиот ред, дури и не се движи за време на ракетниот удар, додека некои верници потклекнаа од звукот на детонацијата. Се чинеше како тие самите да не знаат за момент дали да продолжат да се молат или да бегаат. Но, бидејќи претседателот не изреагира, молитвата продолжи.
-Талибанците покажаа дека не сакаат мир, рече тој во говорот по молитвата.
Во првите извештаи по нападот не се наведува колкава е направената материјална штета и дали има жртви.