На интернет се појавија снимки од смртоносниот напад на ајкула на Бахамите во кој загина 58-годишна жена од Пенсилванија.
На почетокот на видеото може да се види моментот кога лекарите се обидуваат да ја оживеат несреќната жена која ја нападна ѕверот додека нуркала со неколку луѓе.
UPDATE: Eyewitness News understands an American woman is dead following a shark attack near Green Cay. Police are currently on scene at Montague Beach. This is a developing story. pic.twitter.com/6tcWpR6JfX
— Eyewitness News Bahamas (@ewnewsbahamas) September 6, 2022
„Семејството наводно нуркало во вода. Таа област е позната по посетителите кои нуркаат“, соопшти полицијата.
Спасувачите успеале да ја одвлечат до чамецот, но жената набрзо им подлегнала на повредите. Подоцна било утврдено дека ја нападнал исклучително опасен вид на овој морскиa бик ајкула, пишува Дејли Мејл.
Инаку, жената и нејзиното семејство, кои биле патници на луксузниот брод „Royal Caribbean’s Harmony of the Seas“, биле во посета на Њу Провиденс, каде што резервирале екскурзија.