ВИДЕО: Најмалку тројца загинати во железничка несреќа во САД

Од:

Три лица загинаа, а десетици се повредени откако воз излета од шините и удри во камион на необележан железнички премин во американската сојузна држава Мисури.

Двајца од загинатите биле во возот, а еден во камионот. При несреќата осум вагони излетале од шините.

Сè уште не се знае точно колку луѓе се повредени, но болниците соопштија дека примиле повеќе од 50 пациенти.

Со воз што сообраќал на линијата Лос Анџелес – Чикаго, имало 243 патници и 12 членови на екипажот.

Претседателката на американскиот Национален комитет за безбедност во сообраќајот, Џенифер Хоменди изјави дека е премногу рано да се шпекулира зошто камионот бил на шините и дека денеска ќе бидат истражени причините за несреќата. Возовите на таа пруга нема да можат да сообраќаат неколку дена додека трае истрагата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски