(ВИДЕО) Најмалку сто лица загинаа на свадбена прослава во Ирак

Од:

Најмалку сто лица загинаа, а 150 се повредени во пожар на свадбена прослава во областа Хамданија во ирачката провинција Ниневија, објавија рано утринава ирачките државни медиуми. Локалните извори посочуваат дека бројот на жртви може да биде поголем.

Наџим ал-Џубури, гувернер на провинцијата Ниневија, каде што избувна пожарот, претходно изјави дека сè уште нема конечен биланс на загинати, што укажува на тоа дека бројот на жртвите може да продолжи да расте. Заменик-гувернерот на Ниневија, Хасан ал-Алак, исто така претходно изјави за Ројтерс дека е потврдена смртта на 113 лица.

Пожарот, соопшти локалната цивилна одбрана, ја зафатил големата сала во која се одржувала венчавката, откако за време на прославата имало огномет. Првичните информации покажуваат дека зградата била направена од високо запаливи градежни материјали, што придонело за нејзино брзо уривање, објавија ирачките државни медиуми.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија