ВИДЕО: Најмалку седум загинати во пожар во болница за пациенти со Ковид-19 во Индија

Од:

Најмалку седум луѓе загинаа во пожар, кој зафати привремена болница за пациенти заразени со коронавирус во Вијајавади, во југоисточна Индија.

Пожарот избил утрото околу 5 часот по локално време во хотелот во кој биле сместени пациентите. Пожарникарите го ставиле огнот под контрола, а преживеаните пациенти се преместени во друга болница. Причината за пожарот не е позната и во тек е истрага.

Полицискиот инспектор изјавил дека во моментот на пожарот во болницата имало над 30 луѓе и дека бројот на загинати најверојатно ќе биде поголем.

Индија е трета земја во светот по бројот на заразени со ковид-19, со повеќе од 2,1 милиони инфекции и над 43.000 починати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски