ВИДЕО: Најмалку седум загинати во ненадејните поплави во централна Италија

Од:

Обилни дождови и поплави доцна синоќа го погодија централниот италијански регион Марке, при што загинаа најмалку седум лица, додека три се водат за исчезнати, јавија денеска италијанските медиуми.

Локалните власти соопштија дека не очекувале ваква ненадејна „водена бомба“. За два до три часа паднале околу 400 милиметри дожд, по што се поплавени улиците на неколку градови во провинциите Анкона и Пезаро-Урбино.

Снимките објавени од локалните пожарникари покажуваат како некои од спасувачите со сплавови се движат по улиците на крајбрежниот град Сенигалија за да стигнат и да ги евакуираат луѓето, додека други се обидуваат да преминат подвозник.

Спасувачите се уште трагаат по преживеани, соопштија властите.

Во меѓувреме, лидерот на италијанската Демократска партија (ПД) на Твитер објави дека ќе ја прекине кампањата во регионот, пред националните избори на 25 септември.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага