(ВИДЕО) Најмалку десет загинат и 50 повредени во Бангкок и Мандалај

Од:

Најмалку 10 лица загинаа при уривање на џамија во Мандалај поради земјотрес што го погоди Мјанмар, објави локалниот медиум Кит Тит. 50 лица се повредени откако облакодер во изградба се урна во главниот град на Тајланд, по силниот земјотрес што го погоди соседен Мјанмар, соопштија тајландските власти. Националниот институт за итна медицина (NIEM) во Бангкок соопшти дека едно лице се уште е заробено под урнатините откако се урна зграда во паркот Чатучак. Претходно NIEM објави дека 43 лица се заробени во зградата, која се урна за само неколку секунди.

Уште едно драматично видео доаѓа од Мјанмар, кој утрово беше погоден од два разорни земјотреси. Застрашувачки снимки направени во моментот на земјотресот кружат на социјалните мрежи, а една од нив наводно е снимена во метро станица.

На снимката се гледа како возот почнува да се ниша по шините како да е чамец на бранови, додека преплашените луѓе се фаќаат меѓу себе како да се обидуваат да одржат рамнотежа.

Градот Мандалеј, каде што беше епицентарот на земјотресот, наводно во голема мера е уништен.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000

А1он

Уште еден силен земјотрес во Авганистан

Земјотрес од 4,8 степени по Рихтер во Киргистан

А1он

Земјотрес во близина на Мостар

Земјотрес го потресе Ел Салвадор

Три земјотреси ги погодија Северните Курилски Острови