Најмалку 34 лица настрадаа во поплавите што следеа по обилните дождови во западна Кенија, соопшти министерот за внатрешни работи на оваа источноафриканска земја.
Американските медиуми соопштуваат дека дури 29 од нив настрадале во свлечишта и одрони од кал.
Останатите пет лица погинале кога нивнот автомобил бил однесен од патот од речна буица, откако се излеале две реки, наведуваат локални претставници на власта.
Повеќе од милион лица во источна Африка се погодени од поплави по невообичаено силните врнежи, а се очекува дека во делови од Сомалија, Јужен Судан и Кенија дождовите да траат уште четири до шест недели.