(ВИДЕО) Најмалку 25 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Од:

Најмалку 25 туристи загинаа во судар на автобус и камион во североисточниот дел на Бразил. Според извештаите на локалните медиуми, пет лица се повредени. Несреќата се случила во неделата околу 23 часот по локално време на патот БР-324 во општина Гавијао, пишува Дејли Меил.

Се уште не се познати националноста на загинатите и причината за несреќата, а телата се предадени на полицијата за идентификација.

Сите три лица од камионот го загубија животот, додека 22 патници од автобусот од здобиените повреди загинаа.

Автобусот патувал од Гуарајуба кон Јакобина кога се случила несреќата.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Се преврте камион на патот кон Косово, утре изутрина можно е да има краткотраен прекин или пренасочување на сообраќајот

Двајца иселеници од Дебарско загинаа во сообраќајка во Италија

Скопјанец со возило удри двајца малолетници, повредените завршија во болница

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено