Најмалку 13 деца загинале во стампедо од ученици во западна Кенија кое се создало откако биле пуштени да си одат дома.
Началникот на полицијата на областа Какемега, Давид Кабена изјавил дека се повредени повеќе од 20 ученици.
Трагедијата се случила попладне по локално време. Странските медиуми пренесуваат дека учениците трчале надвор од училиштето во 5 часот попладнето по завршувањето на часовите. Дел од нив, според очевидци, паднале од третиот спрат на зградата.