ВИДЕО: Најмалку 12 повредени во Филаделфија, повеќе напаѓачи испукале над 40 куршуми

Од:

Најмалку 12 лица се повредени во пукање пред бар во населбата Кенсингтон во Филаделфија, објавија локалните медиуми.

Пукањето се случило во саботата вечерта по локално време во кафуле на раскрсницата на улиците Ист Алегени и Кенсингтон.

Полицијата соопшти дека пукањето се случило околу 22:45 часот по локално време кога неколку луѓе излегле од црн автомобил и почнале да пукаат кон луѓето надвор од кафулето. При првичниот увид на теренот, полициските службеници пронашле повеќе од 40 куршуми.

Засега нема уапсени, но од полицијата велат дека се уште трага по црн автомобил во кој, како што велат, имало најмалку три или четири лица.

Би можело да ве интересира

Во САД отпор против враќање или продолжување на режимот на носење маски

А1он

Бен Симонс ќе ги бојкотира тренинзите и натпреварите на Филаделфија

А1он

Уапсени осомничените за убиството на младиот Србин во Филаделфија

Катерина Ѓуровски

„Без него веќе немам планови во животот“ – Тажна исповед на девојката на Србинот убиен во Филаделфија

Приведен напаѓачот кој рани шест полицајци во Филаделфија

ВИДЕО: Во пукотница во Филаделфија ранети шестмина полицајци