„Без него веќе немам планови во животот“ – Тажна исповед на девојката на Србинот убиен во Филаделфија

Од:

Оливија Горски, девојката на момчето со српско потекло Милан Лончар кое беше убиено пред два дена во Филаделфија им открила на американските медиуми дека тие планирале заеднички живот.

„Беше моја сродна душа, без него веќе немам планови во животот“ – вели девојката.

Милан и Оливија биле во врска околу година и пол и планирале да живеат заедно.

Милан Лончар беше убиен во близина на неговиот дом во Филаделфија кога две лица се обиделе да го ограбат. Беше објавена снимка на која се гледа како му приоѓаат двајца мажи, едниот држи вперен пиштол. Откако бил застрелан пренесен е во болница каде половина час подоцна е прогласен за мртов.

Полицијата трага по напаѓачите. Во меѓувреме понудена е награда од 20 илјади долари за информации кои би довеле до апсење.

Би можело да ве интересира

Трет приведен за убиството на лекарот во Железара

Катерина Ѓуровски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Две тела се пронајдени во околината на Сомбор, истрагата е во тек

Погребан докторот кој беше убиен на паркингот пред поликлиника Железара

А1он

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Убиениот лекар бил матичен од Железара – се прегледува видеонадзорот за да се најде убиецот

Анита Петровска Рајковиќ