ВИДЕО: Најава за масовна депортација и навреди за Камала Харис во интервјуто на Трамп со Маск

Од:

Синоќа еден од најмоќните технолошки милијардери Илон Маск го интервјуираше во живо републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп преку социјалната мрежа X, која ја поседува. Маск изјави дека поради масовен сајбер напад разговорот кој траепе околу два часа доцнел 40 минути. Трамп ја обвини Камала Харис за уништување на Калифорнија и вети најголема депортација на мигранти во историјата на САД.

Доналд Трамп го започна својот разговор со Илон Маск зборувајќи за атентатот во Милвоки, Пенсилванија, детално објаснувајќи ја неговата средба со смртта на тој предизборен митинг.

Трамп упати и низа критики и обвинувања кон Камала Харис, демократската кандидатка за претседател на САД, посочувајќи дека ја „уништила“ Калифорнија додека била на позицијата државен обвинител.

Изборниот штаб на Камала Харис го осуди интервјуто на Маск со Трамп, посочувајќи дека разговорот е пример за „екстремизам и опасната програма на Проектот 2025“.

– Целата кампања на Трамп е во служба на луѓе како Илон Маск, богаташ кој ќе ја распродаде средната класа – соопштија од штабот.

Маск, кој го поддржа Трамп по атентатот, во најавата за интервјуто изјави дека „тоа не е однапред подготвено, и нема ограничувања кога станува збор за темите и ќе биде многу забавно“.

Пред интервјуто Макс изјави дека системот се тестира поради потенцијално големиот број корисници кои ќе го гледаат интервјуто, но интервјуто доцни 40 минути поради технички проблеми.

Откако ја презеде социјалната мрежа Х, Маск му го врати профилот на поранешниот претседател на САД, кој беше суспендиран по нередите во Капитол Хил.

Американскиот милијардер денеска изрази подготвеност да направи интервју со Камала Харис на неговата мрежа „Х“.

„Би бил среќен да разговарам и со Камала Харис“, објави Маск во објавата.

Би можело да ве интересира

Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам

ВИДЕО: Со калашников дошол на 400 метри од Трамп, втор обид за атентат во два месеци

Катерина Ѓуровски

„Вашингтон пост“: Откриени нови, но бројни пропусти во обезбедувањето на Трамп

Трамп најави депортација на имигрантите од Хаити, откако ги обвини дека јадат кучиња

Трамп: Нема да има нова изборна дебата со Камала Харис

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Момент за паметење: Првата прошетка во вселената

Предраг Петровиќ