ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Од:

Младо момче и две девојчиња биле однесени од порои по излевањето на реката Натисоне во провинцијата Удине во Италија, а им се губи секаква трага.

Како што пишува локалниот портал Udine Today, станува збор за 21-годишна Италијанка и двајца млади со романско потекло. Засега не е утврдено зошто и како тројцата првенствено завршиле во реката.

Спасувачките служби трагаат по нив, но безуспешно.

Нивото на водата на реката порасна за неколку минути, пишува порталот. Како што покажува последната снимка, тројцата се прегрнале за да се спротивстават на струјата, но тоа не било доволно. Спасувачите се обиделе да им пријдат со кран и да им фрлат јаже за да ги спасат, но не успеале да ги закачат. Недолго потоа ги однел порој и им се губи секаква трага.

„Јас не сум од овде, но мештаните многу добро знаат дека не треба да се игра со реката во услови како овие бури“, изјави еден од сведоците за порталот. „Тоа е прекрасна река, но и опасна, водата може да достигне и до 5 метри“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он